Данела Арсовска / Фото: МИА

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ од Кисела Вода до Драчево

Град Скопје продолжува со проектот за проширување на булеварот „Борис Трајковски“, од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Оваа сообраќајница во должина од 2 325 метри добива четири наместо две коловозни ленти, кружен тек наместо крстосницата пред мостот кај Драчево, како и нова пешачка и велосипедска патека.

„Ги решаваме наследените проблеми на еден од поголемите инфраструктурни проекти на изградба на булеварско решение Борис Трајковски, со кој се овозможува населените места од општина Кисела Вода да се поврзат со централното градско подрачје. За помалку од една година успеавме да решиме бројни имотно правни проблеми со кои беше блокиран проектот кој бил започнат без претходно завршување на неопходните постапки, поради што беше предизвикано времена стагнација на реализацијата. Затоа реформите кои сега ги имплементираме во градот, се за секој нов проект сите постапки да бидат однапред завршени како реализацијата би се одвивала без застој, ефикасно и во најкратки можни рокови за изведба“, истакна градоначалникот Данела Арсовска.

Според Град Скопје, низ овој булевар транзитираат околу 50 000 жители и со неговата изградба се подобрува животот на граѓаните, а воедно се подобруваат и безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

Како дел од проектот се гради и нова атмосферска и фекална канализација, а се реконструира и дел од водоводната мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот