Продолжија преговорите меѓу Иран и светските сили за нуклеарниот договор

Иранско знаме / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Дипломатите од ЕУ, Иран и Русија денеска ги започнаа оптимистичките први разговори меѓу иранскиот режим и светските сили по пет месеци за спас на нуклеарниот договор од 2015 година, пренесува Ројтерс.

Дипломатите велат дека е време да оживее пактот, од кој излегоа САД под претседателот Доналд Трамп во 2018 година.

Во Виена денеска се состанаа делегациите на ЕУ, Русија и Иран, по што следеше рунда разговори со другите потписнички на договорот, Велика Британија и Кина, со исклучок на САД, со кои Иран одбива да се сретне во директни разговори.

„Јас сум исклучително позитивен за сето она што го видов денес“, рече Ентике Мора, претставник на ЕУ кој претседава со преговорите.

Иран не отстапува ниту милиметар, но …

Мора потврди дека иранската делегација не отстапува ниту милиметар од барањето за укинување на сите санкции, но додаде дека Техеран не ги отфрла резултатите од претходните шест рунди преговори одржани меѓу април и јуни.

„Тие прифаќаат дека работата што ја направивме во текот на овие шест рунди е добра основа за работата што е пред нас. Се разбира, ќе ги земеме предвид и политичките нијанси на новата иранска администрација“, рече Мора.

Иран ја презеде тврдокорната линија

Во јуни за нов претседател на Иран беше избран Ебрахим Раиси,  кој е крајно непријателски настроен кон Западот.

Западните дипломати веруваат дека иранскиот преговарачки тим претставил барања кои не се реални. Главниот преговарач на Иран, Али Багери Кани, бара САД и нивните западни сојузници, исто така, да понудат гаранции дека нема да бидат воведени нови санкции во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот