Продолжен викенд со продолжена забрана за движење

Фото: Слободен печат

Владата на седница вчера одлучи овој продолжен викенд да има зголемена рестрикција за движење на граѓаните, односно полицискиот час да трае од недела во 11 часот, до вторник до 05.00 часот.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот, стои во соопштението што вчера го испратија од владината прес-служба.
Денеска забраната за движење останува иста како и за сите други денови, односно од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
Имено, претходно Комисијата за заразни болести до Владата поднесе предлог овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот