Приведени шест лица во Велес за издржување затворски казни

Полиција/ фото МВР

 Полицијата вчера приведе шест лица од Велес за кои биле распишани потерници за издржување затворски казни.

– На 18 декември 2021 полициски службеници од СВР Велес, врз основа на судска наредба, ги привеле Б.А.(40), Н.П.(21), Ј.Ј.(39), М.А.(24), И.У.(40) и Р.С.(30), сите од Велес. За нив биле распишани потерници за издржување затворски казни, соопшти МВР.

Р.С. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а останатите пет лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот