Приведен триесетгодишник од Неготино за криумчарење мигранти

Македонска полиција/ Фото: Миа

На 02.08.2020 во 04.30 часот во близина на раскрсница кај с.Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско од полициски службеници од Полициска станица Михајлово бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило “фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти.

При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш. За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот