Приватниците задоволни од средбата со Арсовска, очекуваат повторно да бидат дел од јавниот градски превоз

скопје блокирано протест приватни автобуси превозници (7)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Четиричасовната средба на приватните превозници со градоначалничката Данела Арсовска ги исполни очекувањата на превозниците, иако ништо конкретно не е договорено. Како што истакнаа веднаш по средбата добиле совети кои треба да ги спроведат за да се станат повторно дел од скопскиот јавен превоз. До крајот на неделава, автобусчиите уште еднаш треба да се сретнат со градоначалничката и потоа, како што велат, ќе излезат со повеќе детали за договореното.

Советите кои ги добиле биле во насока на модернизирање на превозот. Во однос на долгот кој кон нив го има ЈСП не било разговарано во детали, но според нив, најважно  е да се најде начин да се вратат на скопските улици, а во меѓувреме да се договараат и за тоа како да им се исплатат парите што им се должат.

За скопјани пак, најважно е дека поради остварената средба со Арсовска нема повторно да има блокади на улиците и метеж во сообраќајот, но и конечно се појави надеж дека доколку приватниците се вратат во јавниот превоз, ќе има повеќе автобуси на линиите каде тие претходно возеа и ќе се намалат проблемите на граѓаните што се движат со автобуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот