Приштински медиуми: Курти премиер на Косово, владата ќе има 15 министерства

Движењето Самоопределување и Косовскиот демократски сојуз постигнаа договор за формирање влада во Приштина, дознава „Косова онлајн“, а според договорот, владата ќе има 15 министерства.

Премиерот ќе биде лидер на Самоопределување, Албин Курти и претседетел на Собранието ќе биде член на Демократскиот сојуз на Косово.

Самоопределување дало уверување на ДСК и писмено ветување за поддршка на нивниот кандидат за претседател на Косово.

Владата ќе има 15 министерства, од кои шест ќе припаднат на Самоопределување, шест од ДСК, две ќе добие Српската листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот