Приштина: Прво забелешките од ЕУ, па дури потоа Законот за ЗСО пред Уставен суд

Одмор пред стража на КФОР во Лепосавиќ - Фотографија ЕПА, Ѓорѓи Личовски

Нацртот за статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), предложен од меѓународните дипломати, не е испратен на разгледување до Уставниот суд на Косово, бидејќи се чека на забелешки од Европската Унија.

Ова го најави Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на владејачката партија Самоопределување. Таа оцени дека испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд „нема да ја промени состојбата во четирите општини во Косово“.

– Чекаме да ја видиме реакцијата на коментарите што ги достави косовската страна – изјави шефицата на пратеничката група на Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот