Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ќе биде изведена на „Охридско лето“

Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, на 20 јули (среда), ќе учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“, кое се одржува од 12 јули до 20 август 2022 година.

Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крајот на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски, драматургијата е на Александра Бошковска, сценографијата на Константин Трпеноски, а асистент на сценографија е Марија Мукоска.

Костимографија е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата и „free running“ техника на Симон Симоновски, а 3Д Мапинг видеодизајн на Osama Almughanni.

Улогите ги толкуваат Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот