Претседателот Пендаровски го прими принцот Едвард: Ова е потврда за силните врски со Обединетото Кралство (ФОТО)

Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими принцот од Сасекс, Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Посакувајќи му добредојде во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на Неговото Височество, оценувајќи ја како потврда за силните врски меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупната британска поддршка за Северна Македонија и изрази очекување дека во иднина таа ќе се продлабочува и проширува.

Фото: МИА

Претседателот Пендаровски го запозна принцот Едвард со приоритетите во неговата работа во следните пет години, со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели на државата – членство во Европската унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски посочи на потребата од подобрување на перспективите за младите, преку стипендирање на студентите и истражувачите, поддршка за научниот и технолошкиот напредок на државата и преку поддршка на младински иницијативи, а со цел спречување на одливот на мозоци од земјата.

Здрава животна средина е право на секој граѓанин на Република Северна Македонија, затоа претседателот ќе работи на подигнување на свеста и ќе ги поттикнува надлежните да обезбедат еколошки чиста средина.

На средбата Неговото Височество принцот Едвард изрази задоволство од можноста по втор пат да ја посети Република Северна Македонија и на претседателот Пендаровски му честиташе за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во неговата работа.

Фото: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот