Премиерот Заев на 15 години АДКОМ: Владата ќе го помага модернизирањето на јавните претпријатија – Слободен печат
ВестиЕкономија

Премиерот Заев на 15 години АДКОМ: Владата ќе го помага модернизирањето на јавните претпријатија

Премиерот Заев ја оцени како исклучително важна улогата на јавните комунални претпријатија во општините, и дека е особено значајна иницијативноста низ АДКОМ за да се артикулираат заедничките насоки и препораки за да се постигне висок степен на функционални комунални јавни претпријатија за развојот и квалитет на услугите што им ги испорачуваат на граѓаните и на локалните заедници.

Јавните комунални претпријатија се од исклучителна важност за секојдневието на секој граѓанин. Животот и секојдневието на граѓаните да функционираат во чиста, здрава и достоинствена животна средина. Обединети во оваа своја асоцијација, како место за заедничка размена на искуства и утврдување на приоритетите, членките на АДКОМ го даваат својот придонес како одговорни компании, истакна премиерот Заев на настанот по повод јубилејот – 15 години АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги.

Премиерот Заев ја оцени како исклучително важна улогата на јавните комунални претпријатија во општините, и дека е особено значајна иницијативноста низ АДКОМ за да се артикулираат заедничките насоки и препораки за да се постигне висок степен на функционални комунални јавни претпријатија за развојот и квалитет на услугите што им ги испорачуваат на граѓаните и на локалните заедници.

– Денеска сум овде да ве уверам дека ја имате поддршката и од Владата на нашата земја. Стабилни и функционални јавни претпријатија се висок општествен приоритет и ќе останат висок приоритет на Владата во соработката и поддршката на локалните самоуправи. Она што заедно можеме да го оствариме во наредниот период е да го помагаме модернизирањето на јавните претпријатија. На Владата останува да го одржи континуитетот за пристап на општините и на јавните комунални претпријатија до програмите за донации и грантови за развој, преку домашните, европските и другите меѓународни фондови. На вас останува да работите на оптимизирање и на намалување на трошоците во работата, на намалување на губитоците во системите – потенцираше премиерот Заев на одбележувањето на јубилејот – 15 години АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги.

Тој додаде дека Владата на Северна Македонија останува и понатаму да се грижи за раст на животниот стандард на граѓаните, за помагање на сите категории граѓани со социјален ризик за да можат редовно да си ги плаќаат на време давачките за да се обезбеди редовно работење на комуналните претпријатија и за создавање услови и фер пристап до јавните добра, спречување на монополизација и заштита на правата на граѓаните.

Претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, Зоран Горгиев, во своето обраќање нагласи дека денес, 15 години по основањето АДКОМ претставува неопходен и значаен механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на Јавните комунални претпријатија.

– Уверени сме дека улогата и капацитетите на АДКОМ во наредниот период ќе се зголемуваат и продлабочуваат и преку соработка со институциите и програмите на Европската унија, имајќи ги во предвид предизвиците кои што стојат пред нашите комунални претпријатија со цел да се зголеми ефективноста и ефикасноста на работењето, да се обезбедат подобри и достапни услуги кон граѓаните и да се постигнат европските стандарди во комуналната сфера – рече Претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, Зоран Горгиев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close