Премиерлигашите се подготвени да му дадат уште една шанса на Ериксен

Кристијан Ериксен минатата сезона со Интер успеа да го освои Скудетото/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Клубовите од Премиер лигата покажаа интерес за поранешниот играч од средниот ред на Интер и Тотенхем, Кристијан Ериксен, кој веќе ги продолжи тренинзите и има намера да ја продолжи кариерата.

Договорот на 29-годишниот Данец со „нероѕурите беше раскинат минатиот месец, откако на Ериксен му беше вграден кардиовертер дефибрилатор по колабирањето на теренот за време на првиот натпревар на Данска на ЕП 2020. Според италијанските правила, тој не смее да игра во такви услови. Во декември играчот имаше низа медицински тестови, кои покажаа дека не е во опасност и повторно може да игра фудбал на највисоко ниво.

– Сè оди добро за Кристијан. Тој ги направи сите тестови пред Божиќ и резултатите беа толку добри што се надеваме дека ќе започнеме групни тренинзи подоцна во јануари. Но, би сакал Кристијан самиот да одлучи за тоа, а тоа ќе го направи многу наскоро. Тој е многу амбициозен. Италија е една од земјите каде што има слични правила, но во другите земји ситуацијата е многу поинаква – вели Мартин Шуетс, агентот на Ериксен за „Дејли Мејл“.

Освен Премиер лигата, за играчот од средниот ред се интересираат и клубови од неговата татковина и Холандија.

„Дејли мејл“ информира дека поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте моментно е менаџер на уште еден поранешен клуб на Ериксен – Тотенхем. Сепак, нејасно е дали лондончани се еден од премиерлигашките клубови во прашање кои упатиле понуда до Данецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот