Прекината привремено потрагата по детето кое исчезна во водите на Преспанско Езеро, продолжува утре

Фото: МИА

Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови, но рано изутрина продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор”, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Надлежните служби денеска преземаа мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот