ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: Шансите за нуклеарна војна поголеми од кога било

/Фото: Скриншот

Рената Двана, Директорката на Институтот при Обединетите нации за истражувања на проблеми со разоружувањето, истакна дека веројатноста за започнување нуклеарен конфликт денес, е највисока од Втората светска војна.

Според неа, програми за модернизација на нуклеарното оружје се спроведуваат во сите држави со нуклеарно оружје, при што ситуацијата со контролата над вооружувањето динамично и се менува, делумно поради стратешка конкуренција на Кина и САД.

Таа истакна дека договорите за контрола на традиционалните оружја се прекинати поради појавата на нови методи на војување, каде што вооружените групи и приватните платеници играат сè поголема улога, како и најновите технологии.

– Ризикот од користење нуклеарно оружје поради различни фактори е сега поголем од кога било досега по Втората светска војна – заклучи Двана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот