Предупредување на француски економисти: Пандемијата може да ја зголеми светската нееднаквост, Европа засега најстабилна

Фото: EPA/JEROME FAVRE

Европа сè уште е регион со највисока еднаквост во светот, но кризата со коронавирусот може да ги зголеми разликите во приходите, предупредуваат француските економисти и повикуваат на запирање на намаленото оданочување на компаниите.

Заклучоците на Париската лабораторија за светска нееднаквост (WIL) се издадени во време кога Европската Унија (ЕУ) расправа за прифаќање на планот за обнова, вреден 750 милијарди евра и се смета како клучен за ублажување на драматичните економски последици од корона кризата, пренесува агенцијата „Хина“.

Заклучоците од најновата анализа на WIL, основана на Париското школо за економија и кооснована од економистот Томас Пикети, кој ја проучува нееднаквоста во светот, не се неповолни за Европа. Нееднаквоста во Европа останува најниска во светот.

Во 2019 година, приходите на 10 проценти од најбогатите во Европа сочинуваат 35 проценти од вкупните приходи, а на 10 проценти од најбогатите на Блискиот исток, каде нееднаквоста е најголема, се 56 проценти од вкупните приходи.

– Во Европа има зголемување на нееднаквоста од 80-тите години на минатиот век, но тоа е многу помалку изразено отколку во САД. Европа се спротивстави на меркантилизацијата на сите аспекти на општеството и сè уште е остров на релативна еднаквост во светот, рече Лукас Шансел од Париската школа за економија.

Ова се објаснува со политиките за прераспределба на приходот, но и со одлуката за финансирање на инфраструктурата и квалитетните јавни услуги, бесплатни или евтини, како и регулирањето на пазарот на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот