Предложени шест илјади амандмани за измени на Изборниот законик

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Петнаесет пратеници од помалите партии предложиле над шест илјади амандмани за измени во Изборниот законок, овие пратеници предлагаат една изборна единица и отворени листи.

Според собраниски извори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено околу шестотини амандмани на измената за една изборна единица, а илјадници амандмани имаат и албанските партии, особено владејачката ДУИ, кои се изјаснија против ваквите решенија.

На денешната седница се предложени два предлог закони за измени и дополнувања на Изборниот законик.

Првиот предлог-закон предвидува измена на изборниот модел од шест во една изборна единица во Републиката со 120 избрани пратеници а вториот предлог-закон, пак, се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за избор на советници.

Во вториот предлог, исто така се предвидува замена на родовата квота од 40 отсто со наизменичен еднаков број мажи и жени на листите за парламентарни и за локални избори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот