Познатите швајцарски часовници ја губат борбата со паметните уреди на „Ејпл“

Фото: Профимедиа

„Аналогните рачни часовници и понатаму се популарни меѓу постарите потрошувачи, но помладите купувачи се насочуваат кон паметните часовницим“, се наведува во извештајот.

Познатите швајцарски часовници ја загубија глобалната војна. Имено, „Apple watch“ (ејлп воч) во 2019 година по продажба ја надмина целосната швајцарска индустрија на часовници, пренесува српски „Блиц“.

Фирмата за истражување на пазарот „Стратеџи аналитикс“ проценува дека „Ејпл“ минатата година испорачале 30,7 милиони парчиња од својот паметен часовник ширум светот, во споредба со 21,1 милиони часовници кои ги продале сите швајцарски марки заедно.

– Аналогните рачни часовници и понатаму се популарни меѓу постарите потрошувачи, но помладите купувачи се насочуваат кон паметните часовници – се наведува во извештајот.

Се додава дека традиционалните произведувачи на швајцарски часовници ја губат војната против „паметните часовници“.

Понудата на американската компанија „Ејпл“, која со паметниот часовник вкучува и „ер подс“ бежични слушалки, станува се попопуларна. Во последното тромесечие на 2019 година, таа категорија им донела повеќе од 10 милијарди долари нето продажба, што е речиси 27 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во меѓувреме, извозот на швајцарски часовници изнесуваше 20,6 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Федерацијата на швајцарската индустрија на часовници. Сепак, тоа не ја вклучува продажбата во Швајцарија, поради што броевите на „Стратеџи аналитикс“ се засилени, јавува „Бизнис инфо“.

Извозот на швајцарски часовници лани опадна за 13 отсто на годишно ниво. „Ејпл“ својот прв паметен часовник го претстави во 2014 година, а шест години подоцна тој стана и светски лидер на ова поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот