Познати сите полуфинални плеј-оф парови во НБА лигата

Заврши првата рунда од НБА плеј-офот/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Го дознавме и последниот патник во полуфиналето од НБА плеј-офот, а тоа е екипата на Мемфис која со 4:2 ја елиминираше Минесота.

Гризлис во шестиот натпревар триумфираше во Минеаполис со 114:106 најмногу благодарение на Бејн и Брукс кои имаа по 23 поени.

На спротивната страна за Тимбервулвс доминираше Едвардс со 30 поени.

За пласман во финалето на Западната конференција Мемфис ќе игра против Голден стејт вориорс.

НБА лига, плеј-оф

Полуфинале, Источна конференција

Мајами – Филаделфија
Милвоки – Бостон

Полуфинале, Западна конференција
Феникс – Далас
Голден стејт – Мемфис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот