Познати групите за „Копа Америка“, Аргентина и Бразил можат да се сретнат само во финалето

Жрепката за „Копа Америка 2024“ во Мајами, Флорида, САД/фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Во 2024 година имаме Европско првенство во Германија (14 јуни – 14 јули), а љубителите на фудбалот истовремено ќе уживаат во уште едно големо натпреварување, популарната „Копа Америка“, која ќе ја организираат САД во периодот од 20 јуни до 14 јули.

Покрај десетте селекции од Јужна Америка, овојпат ќе учествуваат и шест репрезентации од Северна и централна Америка. Едни од главните фаворити за пехарот, Аргентина и Бразил може да се сретнат само во финалето.

Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбеди пласман во четвртфиналето, така што ќе се игра по класичен нокаут систем. Натпреварите ќе се играат во 13 градови: Арлингтон, Атланта, Остин, Шарлот, Њујорк, Хјустон, Инглвуд, Санта Клара, Глендејл, Лас Вегас, Канзас Сити, Мајами и Орландо.

Официјално треба да се дознаат уште две репрезентации кои ќе бидат дел од групите на „Копа Америка“, односно победниците од дуелите Канада – Тринидад и Тобаго и Хондурас – Костарика.

Најмногу титули во ова натпреварување, по 15 имаат Аргентина и Уругвај, следува Бразил со девет, по две Парагвај, Чиле и Перу, а по една Боливија и Колумбија.

Копа Америка 2024

Група „А“: Аргентина, Перу, Чиле, Канада/Тринидад и Тобаго

Група „Б“: Мексико, Еквадор, Венецуела, Јамајка

Група „Ц“: САД, Уругвај, Панама, Боливија

Група „Д“: Бразил, Колумбија, Парагавј, Хондурас/Костарика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот