Позната продуцентка за Сидни Свини: Не е убава, не знае да глуми и нејзините филмови се негледливи

Фото: EPA/Profimedia

Холивудската продуцентка Керол Баум, позната по „Татко на невестата“ („Father of the Bride“) и неговите продолженија, изјави дека младата актерка Сидни Свини „не е убава“ и „не може да глуми“ за време на неодамнешната дискусија по прикажувањето на нејзиниот филм „Кобни близнаци“ („Dead Ringers“) од 1988 година.

„Не ја разбирам Сидни Свини. Сакав да дознаам која е таа и зошто толку многу ја бараат“, изјавила продуцентката и објаснила дека до овој заклучок дошла откако го изгледала последниот филм на Свини – „Само не ти“ („Anyone But You“).

Сцена од филмот „Само не ти“ / Фото: Supplied by LMK / imago stock&people / Profimedia

Баум, исто така, ја опиша романтичната комедија како „негледалива“. Продуцентката продолжи и откри дека дури и нејзините студенти на Факултетот за кинематографски уметности на Универзитетот во Јужна Калифорнија не можат да дадат задоволителна причина зошто 26-годишната ѕвезда е толку барана.

„Им реков во предавалната: ‘Објаснете ми ја оваа девојка. Не е убава, не знае да глуми. Зошто е толку барана?’ Никој немаше одговор“, се присетила таа.

Фото: Erik Pendzich / Shutterstock Editorial / Profimedia

И покрај тоа што не е заинтересирана за Свини, Баум призна дека не била сигурна дека ќе ја одбие шансата да продуцира филм со неа доколку нејзиното присуство значи дека проектот ќе добие зелено светло.

„Сите сакаме да снимаме филм и кој би се откажал од филм кој има зелено светло? Никој што го познавам. Ваша работа е да го снимате филмот“, додаде таа.

Свини се прослави со успехот на серијата „Еуфорија“ („Euphoria“) на „Ејџ-би-о“, во која ја игра ранливата тинејџерка Кеси Хауард. Улогата ѝ донесе номинација за Еми во 2022 година. Таа исто така доби номинација за Еми за нејзината улога Оливија Мосбакер во серијата „Белиот лотос“ („White Lotus“).

Романтичната комедија „Само не ти“ доби различни реакции од критиката и публиката. Иако доби млаки критики, стана романтичната комедија со најголема заработка по „Бебето на Бриџит Џонс“ од 2016 година, со заработка од 200 милиони долари, според „Варајети“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот