Пожар зафати три куќи во делчевското село Тработивиште

Пожар зафати три куќи во близина на реката Желевица во село Тработивиште. Како што информираат жители на селото, во пожарот најмногу настрадала сушарница, додека брзата интервенција на делчевските пожарникари спаси од опожарување уште три куќи кои се наоѓале во близина.

-Пожарот избувна во доцните попладневни часови, по што е веднаш пријавен до противпожарната единица во Делчево. Во моментот се локализира од страна на пожарникарите, информираат жителите.

Како што додаваат, на помош им излегле и дел од жителите кои живееле во близина на опожарениот објект.

Случајот е пријавен во полиција, а допрва ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот