ПОЗДРАВ И НАСМЕВКА ЗА СРПСКИОТ ГОСТИН: Моментот кога Макрон му се доближи на правнукот на војводата Мишиќ (ФОТО)

Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска се поздравил и разговарал со правнукот на војводата Живојин Мишиќ, за време на централната прослава за одбележувањето на Денот на сеќавањето, по повод примирјето од Првата светска војна.

Макрон со него разменил неколку зборови, како и со останатите присутни кои носеле српско знаме, а кои подоцна, сите заедно, биле повикани на свечен ручек во Елисејската палата.

Францускиот претседател застанал и со насмевка го поздравил гостинот, кој присуствувал на настанот кај Триумфалната капија.

Фотографиите од Макрон со правнукот на војводата Мишиќ, го обиколија светот.

На централната прослава покрај многубројни француски, имало и знамиња на неколку земји сојузнички, како и повеќе српски знамиња.

За потсетување, денеска во Франција се одбележува Денот на сеќавањето по повод примирјето во Првата светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот