Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа на централна Хрватска во 23.15 часот, јавуваат хрватските медиуми.

Потресот траеше неколку секунди, а првата проценка на големината како и точната локација на епицентарот се уште се очекува, пренесува Јутарњи лист.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Словенија во скоро исто време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот