Повредено дете во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

Фото: Илустрација

Во МВР вчера е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода фабиа“ управувано од Д.С.(47) од село Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16-годишник од село Мороишта.

Во незгодата со тешки повреди се здобил мотоциклистот констатирани во медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот