Повисоки плати и нови униформи бараат полицајците во државава

Фото: Фејсбук

Под мотото „И јас имам право на достоинство”, на протестен марш групата ќе се собере кај трговскиот центар „Мавровка”, од тука ќе маршираат кон „Веро”, потоа кон Собранието, па Министерството за правда и на крајот маршот ќе заврши на адреса на Владата.

Повикот за мирниот марш е објавен и на социјалните мрежи, најавен е за 16 ноември, а се повикуваат вработените во полицијата, шумската, затворската и судската полиција.

Протестот, како што најавуваат од Независниот полициски синдикат е одраз на незадоволството од распоредување на околу 80 шумски полицајци од еден во друг град, што им создава дополнителни трошоци на полицајци кои и онака имаат мали плати.

Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев, рече дека шумските полицајци работат во лоши услови за 15.000 месечна плата и сега со трошоците за патување во друг град, со препраспределување, ќе дојдат до питачки стап.

Синдикатот даде рок до петок да бидат вратени полицајците на нивите досегани работни места.

Задутре (четврток) ваков протест ќе биде одржан пред полициската станица во Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот