Повеќе од 55 болести се поврзани со глутенот: Препознајте ги 9 најчести симптоми на нетолеранција

Фото: Профимедиа

Целијакијата е системско, автоимуно заболување кое се појавува кај генетски предиспонирани лица.

Консумирањето на глутен, кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржот (и овесот), доведува до воспалителни промени во слузницата на тенкото црево, што резултира со неухранетост.

Целијакијата е доживотна нетолеранција (неподносливост) на глутен.

Имате необјасниви симптоми на замор, пречки во варењето, проблеми со кожата или со коските? Иако многу од наведените симптоми може да бидат поврзани со други болести, постојат повеќе од 200 симптоми кои можат да укажуваат на целијакијата.

Дали знаете дека повеќе од 55 видови болести се поврзани со глутенот?

Се проценува дека кај дури 97 отсто лица кои боледуваат од проблемите предизвикани од глутен, како што е алергијата, интолеранцијата на глутенот и целијакијата, не се поставува вистинската дијагноза. Шокантна е проценката дека на секоја дијагностицирана доаѓаат седум недијагностицирани лица заболени од целијакија.

Што е глутен?

Глутенот е протеин кој се наоѓа во одредени житарки: јачмен, пченицата и ржот. Главно контаминира и во овесот иако тоа е житарка која природно не содржи глутен. Основната улога на глутенот во приготвувањето на тестото е неговата функција на лепак. Тој му дава на тестото еластичност, растресеност, подобро задржување на обликот и структурата, но и влијае на кревање на тестото.

Се наоѓа речиси во сите индустриски производи, пекарски производи, пивото, зачините, бонбоните, чоколадите. Меѓутоа, глутенот не се наоѓа само во храната. Познато е дека го употребува фармацевтската и козметичката индустрија, па често се наоѓа во пастите за заби, шампоните и производите за нега на кожата, лековите, но честа состојка е и во декоративната козметика. На лицата заболени од целијакија дури и минималната количина глутен во кармините и балзамите за усни може да им предизвика здравствени пречки.

Автоимуните реакции предизвикани од глутенот може да се разликуваат од личност до личност. Некој има послаби реакции, додека кај другите се јавуваат сериозни проблеми кои можат да ја нарушат состојбата на целиот организам.

Што е целијакија?

Целијакијата е доживотно неприфаќање на глутенот во организмот. Тоа е болест која ја нарекуваат и болест со илјада лица. Заболените често имаат симптоми кои на прв поглед се неповрзани и не укажуваат на болест која има врска со цревата. Но, не се само цревата тие кои се на удар на целијакијата.
Целијакијата предизвикува оштетување на цревните ресички кои можат да доведат до нивно воспаление и уништување на основните функции, апсорпција на хранливите материи, што доведува до намалување на способностите на организмот да со варењето доаѓа до витамините, миниралите, белковините, јаглехидратите и мастите од храната која ја внесуваме. Глутенот поради тоа може да ги оштети и другите органи и органски системи.

Како се дијагностицира целијакијата?

Постојат два начини на дијагноза на целијакијата: со анализа преку крвта и со биопсија на цревата. Најчесто прво се прават тестови од крвта, но биопсијата ја воспоставува дефинитивната дијагноза.
Анализата на крвта може да опфати анализа на антитрансглутаминаза на антителата (анти-тТГ) или антиендомиозијална антитела (ЕМА) и антиглијадинска антитела (АГА) кои најчесто се применува при дијагнозата на целијакијата кај децата до тригодишна возраст.
Биопсијата подразбира земање ткиво по пат на цревна биопсија која се праќа на хистопатолошка анализа. Доколку наодот покаже атрофија на слузокожата на тенкото црео и зголемени интраепителни лимфоцити, се дијагностицира целијакија.

Генетика и целијакија

Постојат и генетски тестирања кои можат да укажат на присуство на гените, но таквите анализи не ја потврдуваат самата болест, туку тестирањето на одредените гени служи за дијагнозата на целијакијата да се исклучи. Доколку се докаже присуството на гените ХЛА-ДК2 и/или ДК8 тоа не мора да значи дека лицето заболело од целијакија или дека подоцна ген ќе доведе до развој на целијакија. Овие гени се наоѓаат кај околу 25 отсто од светката популација, што укажува на тоа дека секое четврто лице има ризик од заболување од целијакија, но тоа не значи дека кога и да во текот на животот ќе заболат. Значи, присуството на гените не значи дијагностицирање на целијакијата, туку можност дека целијакијата во текот на животот може да се развие.

Симптоми на целијакија

Во споменатата студија се наоѓа податок кој укажува на постоењето на дури 295 симптоми кои можат да укажат на целијакијата. Но, главните симптоми кои се карактеристични за целијакијата и кои помагаат при воспоставување на анамнезата се:
– Пречки во варањето – гасови, дијареа, подуеност, мачнина со повраќање, болки во стомакот, крвавење, запек (најчест е кај децата заболени од целијакија).
– Дерматитис, осипи, црвенило на кожата, особено Keratosis pilaris или кај народот позната како мисиркина кожа, која се јавува на региите на задниот дел на рацете, како знак на недостаток на масните киселини и витаминот А.
– Замор, малаксаност, низок крвен притисок, исцрпеност.
– Други дијагнози на автоимуни болести (лупус, псоријаза, мултипла склероза, ревматоиден артритис).
– Вртоглавица, чувство на нерамнотежа и други невролошки проблеми.
– Хормонална нерамнотежа – кај жените менструалните тегоби, необјаснивата неплодност, намаленото либидо, импотенцијата.
– Зачестени главоболки и мигрени.
– Проблеми со зглобовите, колената, колковите – како што се воспаленија, отоци, болки, спонтани кршеници, фрактури. Проблеми со забите.
– Промени на расположението, на пример, депресија, анксиозност, раздразнетост.
Меѓутоа, наведената студија дошла до статистички податок дека 41 отсто возрасни, а дури 60 отсто деца на кои им е дијагностицирана целијакијата немале никакви симптоми.

Лекување и терапија за целијакија

Бројот на лековите со кои се лекува целијакијата е – нула. Единствен лек за целијакијата е избегнувањето на глутенот. Целосното исклучување на глутенот од исхраната е единствената моќна терапија, бидејќи и минималните честички на глутенот може да предизвикаат имунолошка реакција.
Безглутенската исхрана бара строго придржување на правилата на безглутенската диета и читање на декларациите на прехранбените производи. Едно од правилата е адекватното чистење поради можоста од контаминација со глутенот.

Најмногу треба да се внимава на скриените места на глутенот и на производите за кои никогаш не би рекле дека содржат глутен. За воведување во исхраната без глутен може да ви помогне листата на производи без глутен. Најдобро е пред да почнете да консултирате диетолог/нутриционист, кој ќе ви помогне како да се приспособите на новиот начин на исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот