Повеќе од една четвртина од Израелците примиле втора доза на вакцина против ковид-19

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Повеќе од една четвртина од населението во Израел примило втора доза вакцина против коронавирус на „Фајзер“/„Бионетек“, соопшти денеска израелскиот министер за здравство, Јули Еделштајн.

Во земјата со 9,3 милиони жители, вкупно 3,8 милиони веќе примиле вакцина, а меѓу нив 2,5 милиони се вакцинирани со втората доза, напиша Еделштајн на Твитер.

Тој ги повика другите Израелци да се вакцинираат.

– А вие? Ќе одите ли во теретани и на културни настани или ќе заостанувате? Вакцинирајте се!, порача Еделштајн.

Предвидено е кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху попладне да се состане за да дискутира за понатамошно олеснување на мерките бидејќи Израел постепено излегува од третиот карантин.

Тензиите меѓу Нетанјаху од десничарската партија Ликуд и министерот за одбрана Бени Ганц од центристичката партија Сино бело достигнаа врв по распадот на нивната кризна влада на национално единство во декември.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 23 март, по четврти пат во последните две години.

Ганц повикува на побрзо ублажување на мерките, но Нетанјаху бара претпазливост.

Израел потврди 5.368 жртви на коронавирусот од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот