Потврдена причината за смртта на актерката: Операцијата што ја имала пред 10 години ја чинеше живот

Фото: Профимедиа

Актерката Чарлби Дин почина во август оваа година, на 32-годишна возраст, по „неочекувана ненадејна болест“, а причината за нејзината смрт дури сега е откриена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)


Деталите за нејзината ненадејна болест и прераната смрт ги открил нејзиниот брат Алекс Џејкобс.

Тој за странските медиуми изјавил дека актерката, со својот свршеник Лук Вокер, престојувала во Њујорк, кога почнала да чувствува „некои помали симптоми“ поради кои таа и нејзиниот свршеник отишле во итната медицинска помош. Само неколку часа подоцна Чарли била мртва.

„Буквално сè се случи во ист ден: имала главоболка, отишла да спие, го разбудила своето момче и го замолила да оди со неа во болница“, рекол нејзиниот 21-годишен брат.

Џејкобс рекол дека неговата сестра доживеала „многу тешка сообраќајна несреќа“ во 2009 година, по што имала скршеница на грбот и ребрата, а морале да ѝ ја отстранат и слезината.

„Ѝ ја отстранија слезината, а таа е важна во борбата со инфекциите и тоа можеби имало врска со она што се случи. Немањето слезина можело да придонесе за фактот дека таа не можела да се избори со болеста“, рекол тој.

За магазинот „Пипл“, судскиот вештак од Њујорк потврдил дека 32-годишната актерка починала од бактериска сепса, која според нив е „компликација предизвикана од отстранување на слезината“.

Сепсата од која почина Чарлби е предизвикана од бактерија позната како Capnocytophaga, која, како што пишуваат, често се наоѓа во устата на луѓето, кучињата и мачките. Бактеријата може да влезе во крвниот систем, што доведува до инфекции на различни делови од телото, а најзагрозени се луѓето со ослабен имунолошки систем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)


Трагичната смрт на актерката се сучи само неколку недели пред премиерата на црната комедија „Триаголник на тагата“, која дури се споменуваше и како кандидат за Оскар, а која требаше да ја лансира оваа убавица на А-листата на холивудски ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)


Чарлби беше на врвот на убавината и на почетокот на големата кариера, а розите ѝ цветаа и на емотивно поле – пред четири месеци се сврши со својот избраник Лук Чејс Вокер. По четири години врска, тој ја запроси на Менхетен, на истата улица каде што се бакнале за првпат.

Актерката Чарлби Дин почина од ненадејна болест на 32 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот