Потврда од Гана: Шеснаесетта земја која го повлече признавањето на Косово

Заменик министерот за надворешни работи на Гана, Чарлс Овиреду, потврди дека неговата земја веќе не го признава Косово, јави Танјуг.

Тој наведе дека за повлекувањето на признавањето на Косово со писмо официјално е известена и Србија.

-Владата на Гана одлучи веќе да не го признава Косово како независна држава, рече Овиреду и додаде дека одлуката за признавањето на Косово од 2012 година „сигурно била донесена со желба за мир и хармонија”- пренесе РТС.

Таа одлука денеска, сепак, се смета за избрзана и за прекршување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.

Според оваа резолуција, Косово се наоѓа под меѓународен протекторат и се смета за дел од Сојузна Република Југославија, чиј правен наследник е Србија.

Министерството за надворешни работи на Србија ја поздрави „важната одлука” на Гана, која стана 16-та држава што го повлекува признавањето на Косово.

Косовски официјални претставници вчера демантираа дека Гана го повлекла признавњето на нивната држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот