14 C
Скопје

ВИДЕО | Потресната судбина на малата хероина од „Дара од Јасеновац“: Има само 13 години, станува во 6 часот, храни добиток, а мајка ѝ ги напуштила пред шест години

Билјана Чекиќ, главната актерка на филмот „Дара од Јасеновац“, има само 13 години, а стана ѕвезда за која веќе пишуваат и светските медиуми. Меѓутоа, малкумина знаат дека Билјана има потресна судбина како и нејзината хероина.

Девојчето кое живее во селото Срефлије, на десетина километри од Козарска Дубица, заедно со нејзиниот брат Стефан (11) и постарата сестра Дајана (15) ги одгледува нивниот самохран татко Радован Чекиќ. Билјана оди во осмо одделение, а поддршка на Радован му се бабата и дедото на Билјана.

Сам се грижам за децата. Вистина е. Се борам колку што можам, но има Бог кој гледа сè. Тешко е да се живее. Работам дење и ноќе во дрвната индустрија за да можам да ги школувам моите три деца и да ги изведам на вистинскиот пат. Јас само го молам Господ да ме послужи здравјето – раскажал за српски „Курир“ таткото на новата филмска sвезда, која ја освои публиката со својата глума.

Прочитајте и...  Нон-пејперот може да прерасне во „лавина од мала топка снег“

Мајката ги напуштила децата

Радован рекол дека неговата сопруга го напуштила семејството пред шест години.

Билјана станува секое утро пред шест часот за да стаса навреме на училиште. Кога ќе ѝ заврши наставата, таа брза дома да му помогне на татка си околу добитокот и другите работи. Пораснала без ниту еден пријател, бидејќи во селото нема други деца, освен нејзиниот брат и сестра.

Најдобри пријатели ми се брат ми Стефан и сестра ми Дајана. Со другите другари се гледам само кога сме на училиште, и таму одат децата од сите села расфрлани околу Козарска Дубица. Така што, тие пријатели ги гледам само во училиште, нема тука кај нас прослави, забави… Навикнав на тоа, не знам поинаку. Некако успеваме да се собереме за родендените и тоа е сè. Така се живее овде, ова не е Белград – вели скромната Билјана.

Прочитајте и...  Фасцинантните методи на јапонскиот образовен систем кои ги подготвуваат децата за успех

По училиште, трча дома за да работи

Ниту една оценка не добила, како што вели, на „филмска слава“, а открива како изгледа еден нејзин ден:

Се будам околу шест, а во 6:30 одам до станицата до која морам да пешачам околу километар и половина. Таму брат ми и мене нè чека автобус со кој се возиме до училиштето. Околу седум километри е далеку. Пристигнуваме навреме за првиот час, бидејќи возачот на автобусот по нас мора да оди да ги земе и децата од другите села. Штом ќе се вратам од училиште, веднаш ја завршувам домашната задача и ги учам лекциите што сме ги работеле тој ден. Потоа, со сестра ми ја потсредуваме куќата за да им помогнеме на татко ми, баба и дедо. Ги храниме овците, па дури отпосле сестра ми, брат ми и јас можеме да си играме – рекла Билјана и открила дека главно играат „Монопол“, а кога е убаво времето, таа обожава да биде надвор и да вози велосипед.

Прочитајте и...  Февруарска плата сѐ уште не добиле 9.947 работници, а мартовска – 54.662

Уживаме, среќни сме! Не ни треба многу за да бидеме задоволни. Најважно е дека сме заедно брат ми, сестра ми и јас – заклучила малата, а голема актерка.

Билјана беше избрана за главна улога во филмот „Дара од Јасеновац“ на кастинг меѓу 2.000 деца, а продуцентите во тоа време немале поим дека девет членови на нејзиното семејство не се вратиле живи од неславниот логор.

Поврзани вести

ФОТО: Ким Кардашијан не ја пропушти големата прослава на Бекамови

Слободен печат

Експерт објаснува зошто децата постојано ја бараат својата мајка

Слободен Печат

Правила што не смеете да ги прекршите кога приготвувате шпагети

Слободен Печат

ВИДЕО | Три совршени летни бохо фризури кои ќе направат да изгледате одлично: Неодоливи, а така лесно се прават!

Слободен печат

Сестрата на Мајкл Џексон има пластично лице зад кое се крие хорор приказна – Татко ми ме силуваше, а мајка ми му велеше: Не, Џо, таа вечерва е уморна

Слободен печат

Градоначалникот на Нови Сад го потврди одржувањето на ЕГЗИТ Фестивалот ова лето!

Слободен Печат

Остави Коментар