Потона брод кај Тунис, 76 лица исчезнаа

Фото: Screenshot

Најмалку 76 лица се водат како исчезнати, откако се преврте брод со мигранти и потона во близина на брегот на Тунис, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Се додава дека 24 лица се спасени од бродот, што испловил од брегот на плажите на Завара во Либија и потонал крај брегот на Сфакс во Тунис, јавија британски медиуми.

Изминатите месеци, десетици луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис, бидејќи се зголемува бројот на мигранти, кои се обидуваат да дојдат од Тунис и Либија, во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот