Потиснувањето на лошите мисли може да биде добро за менталното здравје, тврди новото британско истражување

Фото: Пекселс/ riccardo

Луѓето кои имаат негативни мисли и искуства понекогаш е подобро да ги потиснат отколку да се отворат, тврди новото истражување на научниците од Универзитетот Кембриџ. 

Тимот научници вели дека нивното истражување може да го побие вообичаеното верување дека ставањето на работите под тепих и продолжувањето понатаму е лошо за нашето ментално здравје.

Научниците работеле со 120 волонтери од 16 земји на инхибиторна контрола, спречување на мислите што предизвикуваат анксиозност, пред да ги објават резултатите во списанието „Саенс адвенсес“ (Science Advances).

„По обуката, и веднаш и три месеци подоцна, учесниците во истражувањето објавија дека потиснатите настани се помалку живи и помалку страшни“, напиша тимот, дури и до степен до кој волонтерите со посттрауматски стрес пријавиле подобрувања во нивното ментално здравје.

„На сите ни е позната идејата на Фројд дека ако ги потиснеме нашите чувства или мисли, тие мисли остануваат во нашето несвесно, што негативно влијае на нашето однесување и благосостојба“, вели Мајкл Андерсон, професор на Кембриџ.

Многу од познатите идеи на Зигмунд Фројд за психоанализата беа доведени во прашање или отфрлени во последните децении. Но, за разлика од некои од овие отфрлени концепти, како на пример за тоа како сексуалната репресија и таканаречениот Едипов комплекс влијаат на нашите секојдневни постапки, идејата дека е подобро да се соочиме со проблематични искуства отколку да ги закопаме стана широко прифатена.

„Општо земено, луѓето со полоши симптоми на ментално здравје на почетокот на студијата, имале поголеми подобрувања после тренингот за потиснување на негативните мисли, но само ако ги потиснат и своите стравови“, вели тимот од Кембриџ, откритие што тие велат дека директно се спротивставува на идејата дека репресијата е неприлагодлив процес на справување.

Тим од Кембриџ дошол до слични заклучоци во студија од 2014 година објавена во Зборникот на Националната академија на науките. Последното испитување на проблемот дојде, велат тие, бидејќи пандемијата на коронавирус и карантините придонеле за зголемување на проблемите со менталното здравје.

Во октомври 2021 година, истражувачите од Универзитетот во Квинсленд и Универзитетот во Вашингтон рекоа дека има дополнителни 53 милиони случаи на големо депресивно растројство и 76 милиони случаи на анксиозно растројство во 2020 година, што претставува зголемување за повеќе од 25 отсто поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот