Посветете се на менталното здравје: Физички симптоми кои ги предизвикува осаменоста

Луѓето се социјални суштества. Покрај тоа, луѓето со послаби социјални вештини имаат 50% поголема веројатност да умрат во одреден временски период отколку оние со посилни социјални врски, според резултатите од мета-анализата во 2015 година, во која беа вклучени повеќе од 308,000 луѓе. Со други зборови, осаменоста изгледа исто толку смртоносна како и пушењето 15 цигари на ден.

Ова е особено вознемирувачко со оглед на тоа што многу експерти за ментално здравје велат дека пандемијата на коронавирусот го влошува проблемот на осаменост во САД, но и во остатокот од светот, и дека може да стане посебен вид епидемија.

Но, не е секогаш лесно да се препознае осаменоста.

„Луѓето се плашат да признаат дека се осамени поради стигмата што ја носи – се плашат дека ќе бидат осудени или отуѓени“, изјави за „Инсајдер“ Бабита Спинели, терапевт во Њујорк.

„Ова, за возврат ги спречува да ја надминат осаменоста или да се обратат до луѓето за помош“, додаде таа.

Интересно, има дури шест физички симптоми што може да ги предизвика самотијата.

1. Течење на носот, затнат нос и други симптоми на настинка

„Кога се чувствуваме осамено, кога немаме интеракција со луѓе, се чувствуваме ранливо, се закануваме и напаѓаме“, вели Кори Флојд, професор по комуникација на Универзитетот во Аризона, кој проучува како наклонетоста влијае врз стресот и физиолошкото функционирање.

2. Нема начин како целосно да се опоравите

Здраво тело и ум можат да се опорават од настинка. Оној што го погодила осаменост, сепак, може да се разболи повторно и повторно, рекол Спинели.

„Едно лице може да се чувствува болно или да биде под постојан стрес без да го поврзе со осаменост“, рекла таа: „Тој може да го дефинира како повторувачка физичка болест, не гледајќи дали нешто емотивно се случува“.

3. Тешкотија при спиење

Осаменоста може да се совпадне со депресијата и да ги дели симптомите со неа, заклучила Спинели, а тоа може да вклучува тешкотии во спиењето или премногу спиење.

4. Главоболка

Главоболките исто така можат да бидат симптом на осаменост, па дури и депресија.

5. Зголемување на телесната тежина

Хормонско нарушување предизвикано од чувство на осаменост исто така може да доведе до зголемување на телесната тежина.

6. Постојано ги проверувате социјалните мрежи

Иако не е само по себе физички симптом, одредени однесувања, вклучително и постојано проверување на социјалните мрежи „и нивно користење како замена за директен контакт со луѓе, исто така се црвено знаме што осаменоста негативно влијае на вас“, вели Спинели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот