Последно збогум: Сандра Булок ја расфрли пепелта на нејзиниот покоен партнер Брајан Рендал

Фото: Profimedia

Познатата актерка Сандра Булок ја испочитува последната желба на својот покоен партнер Брајан Рендал пет месеци по неговата смрт, пишува „Пејџ сикс“.

Имено, Брајан по неговата смрт сакал пепелта да му се расфрли во река во Вајоминг. На денот кога би бил неговиот 58-ми роденден, актерката одлучи да ја рафрли пепелта од неговите останки во реката Змија.

„Среќен роденден, Брај. Сенди те донесе до реката, исто како што вети“, напишала сестрата на Сандра, Гесина Булок-Прадо покрај кратко видео.

„Каков прекрасен начин да му оддаде почит на човекот што го сакаше. Да ја почитува неговата последна желба! Таа е во моето срце и молитви. Колку и да е тешко и тажно да се изгуби некој толку посебен, се надевам дека ќе најде мир и ќе го прослави својот живот“; , „Tи благодарam што го споделие ова. Голема утеха за сите нас кои сме доживеале ваква загуба“, се дел од коментарите кои се појавија под објавата.

Да потсетиме, Рендал почина во август 2023 година по тригодишна битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои ги контролираат доброволните мускулни движења. Лек за оваа болест сè уште не е пронајден и не постои ефикасен третман за да се запре нејзината прогресија.

Сандра и Брајан се запознаа во 2015 година, кога актерката го ангажираше него, како успешен фотограф, да ја фотографира забавата за петтиот роденден на нејзиниот син Луис. Кратко потоа, тие ја започнаа нивната љубовна врска. Актерката посвои две деца, синот Луис (13) во 2010 година, а ќерката Лајла (8) во 2015 година, а ја прифати и ќерката на Брајан како своја.

Тие ја чуваа својата приватност откако на Рендал му беше дијагностицирана болеста, но веста за неговата прерана смрт одекна низ светот. Почина по тешка борба на 57-годишна возраст.

Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС

Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот