Посебен сообраќаен режим на ЈСП за посетата на папата

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Од 7 до 16 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На веб страната на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот