Пораз на МЗТ Скопје на последниот натпревар во „меурот“ во Бања Лука

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа пораз од лидерот во АБА2 лигата, Студентски центар од 75:92 и со пораз го завршија настапот на вториот турнир кој се играше во „меур“ во Бања Лука.

„Металците“ играа одлично во првите три четвртини, но потклекнаа во последната која ја загубија со 16:29 и со тоа го одлучија победникот. Исто така, еден од клучните елементи за победникот беа загубените топки, играчите на МЗТ Скопје имаа дури 21.

Хасани Гравет беше најдобар во тимот на МЗТ Скопје со 21 поен, Андрија Бојиќ даде 13 поени и 3 скока, додека Дамјан Стојановски постигна 12 поени, додека во редовите на Студентски центар најпрецизен беше Славковиќ со 21 поен.

Кошаркарите на МЗТ Скопје на вториот турнир во АБА2 лигата остварија една победа, над Хелиос (70:69) и два порази, од Слобода Ужице (70:81) и Студентски центар (75:92) и се наоѓаат на делба од четвртото до осмото место со скор од четири победи и три порази. Вториот македонски претставник во АБА2 лигата, Работнички, поради коронавирус во тимот, не настапи на турнирот во Бања Лука и своите натпревари ги загуби со службени 0:20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот