ПОРАСТОТ НА ВОДАТА ВО МОРИЊАТА Е СЕРИОЗЕН СВЕТСКИ ПРОБЛЕМ: Милионски држави и градови под закана да се најдат на морското дно

Климатски промени / Фото: EPA/ETIENNE LAURENT/Илустрација

Порастот на нивоата на морињата би можел да погоди тројно повеќе луѓе од претходно претпоставеното, а цели земји се под закана од исчезнување, покажува најновото истражување, а пренесе српски „Курир“.

Во овој момент 300 милиони луѓе на светот живеат на територии кои до 2050 година најмалку еднаш годишно ќе бидат поплавени, додека, според предвидувањата на американската вселенска агенција (НАСА), таа бројка изнесува 80 милиони луѓе.

Во новата студија, научниците користеа нов модел, кој прецизно предвидува елевација на теренот од актуелни модели.

Широките подрачја на државите како Виетнам и Индија ќе се најдат под вода, открива документот објавен во списанието „Nature Communications“.

– Овие проценки покажуваат дека климатските промени можат драматично да ги променат градовите, економиите, бреговите и цели региони на светот, и сѐ тоа во време на нашиот живот – вели Гардијан Скот Калп, автор на истражувањето.

Во најзагрозените подрачја спаѓаат големи делови на густо населени градови како Мумбај, Индија, каде живеат повеќе од 18 милиони луѓе, место кое за 30 години би можело целосно да исчезне под вода.

Моделите покажуваат дека најголемите последици може да се очекуваат во Азија. Во Индија бројката на жители кои ги погодуваат поплави на годишно ниво може да се зголеми за седум пати, а во Кина за трипати.

Меѓутоа, постојат закани и за земјите надвор од азискиот континент. Во Велика Бритнија, 3,5 милиони луѓе би можеле да бидат загрозени од поплави до 2050 година, покажуваат најновите процени. Растот на нивоата на морињата ќе ги погодат густо населените области како Лондон, но и источните крајбрежни подрачја.

Соединетите Американски Држави, според најновите прогнози, не спаѓаат меѓу најзагрозените подрачја, но претходните проценки покажаа дека десетици градови во близина на бреговите брзо би можеле да бидат поплавени, особено во сојузните држави како што се Њу Џерси и Флорида.

Градот Њујорк е едно од најзагрозените подрачја во САД, со оглед на густото население и близината на морето.

Иако новите проекции дадоа значително полоши резултати од претходните модели, научниците предвидуваат дека загрижувачките резултати би можеле да станат уште полоши, со оглед на фактот дека зависат од брзината на топењето на ледот на Антарктикот. Доколку ситуацијата се влоши, дури 640 милиони луѓе би можеле да бидат изложени на опасност од порастот на нивоата на морињата до 2100 година.

Освен тоа, проценките се направени под претпоставка дека се почитуваат одредбите од Парискиот договор за емисии на штетни гасови во атмосферата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот