Поранешниот телохранител на пребеганиот авганистански претседател Гани се плаши од Талибанците: Ако дојдат тука, ќе се убијам

Кабул Авганистан талибанец талибанци
Талибанец во Кабул, Авганистан / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Авганистанскиот бригаден генерал Пираз Ата Шарифи, главниот телохранител на поранешниот претседател , Ашраф Гани, тврди дека Гани ја напуштил земјата пред Кабул да „падне“ под талибанците, и декасо себе земал милиони долари во вреќи. Шарифи, исто така, тврди дека има снимки од надзорна камера и е подготвен да ги објави,

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани/Фото: EPA-EFE/Pete Marovich / POOL

Имено, поранешниот телохранител во моментов е најбараното лице во Авганистан, градовите се покриени со слики од неговото лице, а Талибанците дури нудат и награда за секоја информација за него. Шарифи се крие во подрум и се уште се надева дека некој ќе го спаси. И во тој случај, тој ќе го прикаже спорното видео, пренесува Јутарњи лист.

„Имам видео кое покажува дека поединец од авганистанска банка му донел многу пари на Гани пред да замине“, тврди Шарифи во ексклузивното интервју за Дејли Меил дадено на тајна локација некаде во Авганистан.

Тој додава дека „стотици милиони, можеби милијарди долари“ имало во вреќи. Тој посочи дека Гани понесол со себе многу големи и тешки кеси со пари.

 

Генералот Шарифи призна дека никогаш не помислил дека претседателот ќе ја напушти земјата. Тој се закани дека ќе ги сподели доказите кога ќе се почуствува „безбеден“.

Кабул, Авганистан/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Во налетот на талибаснскто преземање на Авганистан, Шарифи се обидел да стигне до аеродромот во Кабул на 16 август, но не успеал. Оттогаш, тој и неговото пошироко семејство од дури 14 членови, вклучувајќи ја и неговата сопруга со факултетско образование и три деца, се во бегство. Иако тој беше главен телохранител на авганситанскиот престедател, тој никогаш не му кажа дека планира да побегне од земјата .

Во своето интеврју Шарифи призна дека има пиштол и еден куршум кој го чува доколку биде пронајден од талибанците .

„Ако Талибанците дојдат тука, јас ќе се убијам“, заканувачки најави Шарифи.

Потерниците со ликот на Шарифи се појавија на сите безбедносни пунктови кои ги држат Талибанците низ главниот град Кабул.

На потерницата под неговата слика има краток текст :
„Ова е генералот Пираз Шарифи, за секоја информација следува награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот