Поранешниот шеф на Пентагон сака САД да распоредат повеќе сили долж Црното Море

Марк Еспер / Фото: ЕПА

Поранешниот министер за одбрана на САД, Марк Еспер изјави дека САД треба да распоредат повеќе војници на Црното Море во Бугарија и Романија за да ја спречат потенцијалната агресија од Русија, додека се засилуваат тензиите меѓу Москва и Вашингтон.

Еспер, сега соработник на Институтот за меѓународно лидерство Мекејн на Државниот универзитет во Аризона, рече: „Мислам дека треба да продолжиме да и се спротивставуваме на Русија и да се обидеме да го запреме нејзиното лошо однесување”.

Вашингтон мора да се обиде да ги увери европските сојузници и да го зајакне сојузот на НАТО со распоредување на повеќе сили во Полска, „на Балтикот, ако има смисла и места како Романија и Бугарија, ако не трајно – на ротациска основа”, нагласи тој.

САД ќе распоредат дополнителни 500 припадници на американската војска во Германија, изјави вчера министерот за одбрана Лојд Остин, што е пресврт од планот на поранешната администрација за повлекување на силите. Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој имаше затегнати односи со своите сојузници во НАТО, најави дека ќе повлече 12.000 припадници на американската војска од Германија, каде што се сместени најголемиот број американски сили во Европа, вкупно 35.000. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот