Поранешниот авганистански претседател: Ги повикав талибанците во Кабул да го прекинат хаосот

Хамид Карзаи, поранешен претседател на Авганистна/ Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи ги разбуди страстите не само во самиот Авганистан, туку и во дијаспората, за време на интервјуто за АП кога изјави дека талибанците не го окупирале Кабул воено, туку биле повикани од негова страна.

„По тајното и ненадејно заминување на Ашраф Гани, ги повикав талибанците во градот да ги заштитат населението и земјата“, рече Карзаи.

На ова одговорија и талибанците, велејќи дека тоа што го зборува Карзаи е чиста лажна гласина и нема никаква врска со тоа.

Многумина велат дека Карзаи се обидува повторно да стане претседател на Авганистан, иако на таа функција помина два мандати и двапати талибанците се обиделе да го убијат.

„Изгуби затоа што не можеше да го натера населението од долината Панџир, северните провинции и Персијците да застанат покрај него“, велат од дијаспората за Карзаи.

Интересно, од друга страна, некои талибанци тврдеа дека тој ги повикал нив уште во 2014 година кога ги загуби изборите и кога Ашраф Баба стана градоначалник на Кабул.

„Кој е Карзаи да ги повика талибанците? Талибанците не му дозволија да ја напушти земјата. Талибанците го прекршија Катарскиот договор и ги нападнаа големите градови и насилно го окупираа Кабул”, вели авганистански мигрант.

ВИДЕО: Поранешниот претседател на Авганистан ги нарече талибанците „свои браќа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот