Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас

Фото: Миа

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс денеска ќе ги објави плановите за нејзината кандидатура за гувернерка на Арканзас, изјави официјален претставник запознаен со ситуацијата.

Таа ќе ги објави своите планови преку видео врска за да побара поддршка од републиканците да се кандидира на изборите во ноември 2022 година.

Актуелниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон нема законско право да се кандидира за гувернер по третпат.

Сандерс работеше како портпарол на Белата куќа од 2017 до 2019 година, заменувајќи го Шон Спајсер.

По оставката, таа се врати во родниот Арканзас, но продолжи да го поддржува Трамп.

Таа е ќерка на поранешниот гувернер на таа американска сојузна држава, Мајк Хакаби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот