Поради санкциите кон Роман Абрамович Челси претрпел рекордна загуба

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Тимот на Челси опбјави рекордна загуба од 121.3 милиони фунти за изминатата година. Најголема причина за ваквата загуба се санкциите кон поранешниот сопственик Роман Абрамович од британската Влада.

Рускиот тајкун беше принуден да го стави клубот на продажба кон почетокот на март кога започна воениот конфликт во Украина, меѓутоа поради санкциите „сините“ се соочуваа со многу проблеми.

Челси не можеше да продава билети за натпревари, претрпе големи загуби и на други страни бидејќи сите клупски работи беа условени со правилата на Владата.

„Во овој период клубот беше ограничен во многу сфери на бизнисот – не можевме да продаваме билети, сувенири, не можевме да потпишуваме договори со играчи, со спонзори… и сето тоа доведе до големи загуби. Покрај тоа, сето ова се очекува да влијае на финансиската состојба на клубот во наредните години поради долгорочното влијание што овие ограничувања го имаа на различни договори“, се додава во соопштението.

Една од позитивните работи е зголемувањето на приходите од 434,9 на 481,3 милиони фунти, што е остварено благодарение на враќањето на навивачите на трибините по пандемијата на коронавирус. Исто така, комерцијалната заработка порасна на 177,1 милиони фунти по продолжувањето на некои спонзорски договори, но и склучувањето на неколку нови.

Ќе потсетиме, клубот од Абрамович го купи Американецот Тод Боели кој во два преодниот рока вложи над 600 милиони евра, меѓутоа резултатите се уште не се онакви какви што се очекуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот