Поради протест: Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 20.7.2021 (вторник), поради одржување на протестен марш во oрганизација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата на РСМ, а потоа ќе продолжи до Собрание на Република Северна Македонија.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври”, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден”, десно по бул.„ВМРО” и лево по ул.„Димитрие Чуповски”, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот