Поради мутациите на ковид-19: Шпанија ја продолжи забраната за патници од В. Британија, од Бразил и од ЈАР до 2 март

Авион
Авион, илустрација / Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

Шпанската Влада денеска соопшти дека до 2 март ги продолжува ограничувањата за патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, од Бразил и од Јужноафриканската Република поради мутациите на коронавирусот. Информацијата ја објави новата министерка за здравство Каролина Даријас на прес-конференција по седница на Владата.

Како и други држави, Шпанија го забрани пристапот на патници од Велика Британија, со исклучок на шпанските државјани или луѓето со престој во Шпанија, на крајот на декември минатата година поради ширењето на заразната британска мутација на ковид-19.

На почетокот на февруари, шпанските власти, исто така, најавија сериозни ограничувања за оние кои пристигнуваат од Бразил и од Јужноафриканската Република, поради загриженост за појавата на мутации на коронавирусот во двете земји.

Само луѓето од шпанска или андорска националност или жители на Шпанија или Андора, сега имаат право да влезат во Шпанија. Исклучок е направен за транзитните патници на кои не им е дозволено да го напуштат аеродромот и да не останат повеќе од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот