Попрвени оштетените чешмички за вода во Општина Аеродром

Фото: Елена Вељановска

Екипите на Општина Аеродром во изминатиот период извршиле надзор над сите чешмички за пиење вода и онаму каде што биле забележани дефекти и оштетувања, веднаш биле санирани или заменети со нови.

Како што информираат од оваа скопска Општина, станува збор за голем број чешмички кои се наоѓаат на повеќе локации.

– Им благодариме на жителите за нивните реакции и пријави, како и за разбирањето до целосното пуштање во употреба на овие чешми за пиење вода, кои се секако неопходни особено во топлите летни денови. Истовремено, големите фонтани низ парковите беа навремено пуштени и постојано се одржуваат, со што се дава дополнително освежување и пријатен амбиент за аеродромци – велат од Општина Аеродром.

Од локалната самоуправа потсетуваат и дека, во изминатиот период екипи на терен интензивно работат и на целосна санација на детските игралишта во населбите Ново Лисиче и Реонски Центар, каде што се реконструираат сите реквизити и се проверувала нивната безбедност за безгрижна игра на децата.

– Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период на сите детски игралишта каде што е тоа потребно – информираат од оваа скопска Општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот