ВИДЕО | Поповски: На Црвенковски не му е првпат идејно да се совпаѓа со десницата

Љупчо Поповски, колумнист / Утрински брифинг

Зошто Црвенковски да не биде мандатар? е последната колумна на Љупчо Поповски и за темите што ги начнува во оваа козерија разговаравме во денешен Утрински брифинг. Како да има две Македонии, едната која ја признава актуелната Северна Македонија која е реалност и друга која смета дека ВМРО-ДПМНЕ е Македонија.

-Тргнав од некоја идејна усогласеност на Црвенковски со десницата. Во СДСМ има една структура која била отсекогаш понационалистичка одошто и прилега на социјалдемократија. Ги имав предвид настапот на Црвенковски во МАНУ. Црвенковски сѐ уште се чувствува како господар на златото од „Хобит“ и не сака да дозволи некој си хобит да му се меша во работите, вели Поповски.

Поповски за впечатокот дека постојат паралелни Македонии, вели дека е важно која е поголема.

-Мицкоски може да ја споменува или не Северна Македонија, битно е дали ќе го спроведува Преспанскиот договор. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ сѐ беше бизнис во односот со Грција, впрочем Кондоминас го окупираше Плоштад Македонија, вели Поповски.

Ако Мицкоски формира влада мора да го продолжи дијалогот со Бугарија, но не е спремен да потпише никаков документ туку ќе остави некој друг да го потпише.

-Тоа е како во времето на Луј. Кралот е нечепнат, Ришелје ќе ја заврши работата. Така беше и со признавањето на Косово, кое го потпиша Боцевски а не Груевски, вели Поповски.

-Сега не мислам дека работите се исти како на времето. Не може Мицкоски да се однесува како што се однесуваше Груевски во 2010. Регионот повторно врие, Босна е на работ, Додик сака да формира војска. Од друга страна САД велат Македонија треба да биде примена во ЕУ, а не е примена. Ние просто не знаеме во што да веруваме, вели Поповски.

Како стојат работите во Брисел, за Утрински брифинг се јави дописничката на МИА, Тања Милевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот