Половина пензионери земаат помалку од 14.000 денари

Пензионери / Илустративна фотографија: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

До 14 илјади денари пензија земаат 50,06 проценти од пензионерите, додека од 14.000 па нагоре 49,94 отсто, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ).

Вкупниот број на пензионери во август изнесува 325 637, а просечната пензија 15.854 денари. Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 323), семејна (75 785), инвалидска (30 529). Кај висината на просечната пензија најмала просечна пензија од 8.263 денари имаат пензионерите кои земаат земјоделска пензија, додека највисока просечна пензија имаат воените пензионери и таа изнесува 23.069 денари. Просечната пензија пак кај најголемата група на корисници по старосна пензија изнесува 17.117 денари.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 798), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,68 отсто (86 865).

Корисници на најниските пензии на пензионери што оствариле право на пензија до крајот на 1996 година чиј број изнесува 11 359 земаат пензија од 12.801 дена до 12, 222 денари. Пензионерите со право на пензија остварено од први јануари 1997 година чиј број е 4 607 земаат пензија од 11.146 до 9.986 денари. И корисниците на пензии остварени од први јануари 2002 година чиј број изнесува 63 904 имаат пензии во висина од 10.487 до 11.703 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот