Полицаец претепал малолетник во станица

Полиција / Фото: МВР

MВР информира дека нејзин вработен претепал момче во полициска станица.

-Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против А.М., вработен во СВР Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Малтретирање во вршење на служба,, по член 143 од КЗ на РСМ. Имено на 29.09.2021 околу 21 часот во просториите на ПСОН Штип пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикано влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди, се вели во соопштението на МВР.

-Пружена била итна медицинска помош, по поднесена е кривична пријава и е покрената постапка против полицаецот, додаваат од полицијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот