Погубена Кинезинка која со нејзиното момче извршила неколку убиства

Полицаец во Кина / Фото: Архива

Лао Ронгжи денеска беше погубена откако највисокиот кинески суд ја одобри нејзината смртна казна. Лао беше осудена за убиство со умисла, грабеж и киднапирање и осудена на смрт од Средниот народен суд Нанчанг во провинцијата Џиангси во септември 2021 година. Високиот народен суд Џиангси ја потврди пресудата и казната во ноември 2022 година. Во Кина, смртната казна изречена од пониските судови треба да се достави до Врховниот народен суд на ревизија и само кога Врховниот суд ќе ја одобри, казната може да се изврши.

Во соопштението објавено од страна на високиот суд, се наведува дека егзекуцијата е извршена утрово, согласно одобрението на највисокиот суд. 49-годишната Лао добила право да се сретне со членовите на нејзиното семејство пред да биде погубена. Лао некогаш била учителка во основно училиште, но потоа почнала да му помага на своето поранешно момче во грабежи, киднапирања и убиства во провинциите Џиангси, Жеџијанг и Анхуи од 1996 до 1999 година.

Лао бирала цели, а нејзиното момче, Фа Зијинг ги напаѓал. Нивните постапки предизвикаа седум смртни случаи. Фа бил фатен во 1999 година и осуден на смрт. Тој бил погубен подоцна истата година. Лао потоа избегала и користела лажен идентитет за да избегне апсење додека не биа фатена во ноември 2019 година во провинцијата Фуџијан, според Чајна Дејли, весник на англиски јазик во сопственост на Кинеската комунистичка партија.

Врховниот суд сметаше дека таа имала клучна улога во делата и треба да биде казнета како главен сторител. Откриено е дека сумата на пари што Лао и Фа ја ограбиле и изнудиле била повеќе од 100.000 јуани (13.000 евра). „Околностите под кои Лао ги извршил злосторствата биле особено сериозни, а криминалните методи кои ги користела биле крајно сурови“, изјавил Врховниот суд.

„Со длабока злоба, таа претставуваше голема лична и општествена опасност со исклучително сериозни последици“, велат од судот.

Беше забележано дека првобитната пресуда е донесена врз основа на доволно докази со правилна примена на законот и правилна законска процедура и дека смртната казна е разумна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот