Поголем дел од Кичево денеска без вода за пиење

Прекин на водоснабдување фото МИА

ЈКП „Комуналец” ги информира корисниците на вода за пиење дека денеска (понеделник) во период од 08:00 па се до 16:00 часот ќе има прекин на вода за пиење поради предвидени активности за реконструкција на водоводната мрежа.

Без вода ќе бидат булевар „Ослободување” во делот од кружниот тек на магистралатa до крстосницата кај Стопанска банка , ул. „11 Септември” со населбите „Девеана”, „Календарица” и зградите кај „Ламели” во градското подрачје на Кичево, информираат од ЈКП „Комуналец” од Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот